Faleminderit të gjithëve që kontribuuan në këtë arritje historike. Respekt për të gjithë ju!
Salim Sulejmani – Koalicioni VLEN
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
На археолошката карта на Северна Македонија, Струга и нејзината околина брои десетици археолошки локалитети. За жал, многу малку од нив се истражени, поради немањето финансиски средства и интересот на надлежните институции.
Годинава сме сведоци на едно епохално откритие, како што го нарекоа самите археолози и министерот за култура на прес-конференцијата што се одржа во струшко Корошишта. Ископувањата започнаа на 11 октомври, а завршија на 8 ноември. За ова големо археолошко откритие, прво мора да му се заблагодари на семејството Шемшедини. Шефити, член на ова семејство, до надлежните институции доставил шлем пронајден случајно пред четири години при чистење на нивата. Сопственикот на нивата Букуриу дал дозвола за ископувањата, благороден гест што ја докажува нивната почит кон културното наследство. Тие заслужуваат голема благодарност не само од тимот археолози, туку и од државните институции.
Исто така, особена почит и за сите жители на селото Корошишта, кои со својата волја помогнаа овие извонредни археолошки наоди да станат дел од историјата не само на нашата држава, туку и на целиот регион и пошироко.
Според водачот на ископувањата, познатиот археолог Перо Арџанлиев, откриен е монументален гроб со големи димензии (7 x 4,5 метри) и длабочина од 4,5 метри, како и над 100 археолошки предмети (артефакти). Сите овие се каталогизирани, нацртани и документирани со фотографии, и од камерата и од дронот.
Археологот Арџанлиев истакна дека овие наоди се тесно поврзани со оние од Требеништи, кои за прв пат биле откриени во 1918 година од страна на бугарската војска и истражувани во 30-тите години на минатиот век. И двете од овие откритија припаѓаат на истата локална култура и население, племето Енкелеи, кое живеело во 6 век п.н.е.
Значајна улога во ова откритие имаше и албанскиот археолог Фитни Далипи, кој иако не е вработен во својата сакана професија, беше главниот иницијатор на ископувањата во Корошишт. Тој даде извонреден придонес, работејќи посветено и страст. Неколку дена ископувањата ги следеше археологот и почитуван професор Миџаит Положани, кој беше присутен во најважните моменти од откритијата.
Ова големо археолошко откритие не треба да се политизира. Напротив, надлежните институции мора да дадат поддршка за ископувањата да продолжат и во наредните години.
Ви благодариме на сите што придонесоа за ова историско достигнување. Почит до сите вас!
Салим Сулејмани – Коалиција ВЛЕН