Огромни загуби ќе претрпи туризмот ако плажите ова лето останат без концесионери, лежалки и шанкови велат досегашните газди ден после одлуката на Владата плажите со истечен договор за закуп на охридско-струшкото крајбрежје да се вратат во првобитна положба. Ќе пропаднат големи инвестиции но и нешто што е слика и понуда години наназад на двата туристички градови на Охридското езеро-додаваат струшките концесионери.
„Политиката треба малку да мисли што ќе направи со нас, ради тоа што тука се инвестирани пари од нас, не се најдени тук така. Ние имаме инвестирано многу пари овде, ова кога го земавме беше за никаде а го направивме убаво да изгледа. Имаме вработени луѓе, плаќаме со години придонеси, такси, даноци,не знам зошто вака со нас сега се однесуваат.” – вели Ајруш Мифтари концесионер од Струга.
Општина Струга застанува на страната на концесионерите и вели нема да ја почитува уредбата оти е скандалозна, избрзана и штетна за туризмот.
„Ние сме шокирани од оваа одлука на Владата поготово во време на пандемија, ние очекувавме помош а не да не блокираат на ваков начин. Мислам дека малце е забрзана и погрешна оваа одлука. Нашиот став односно ставот на градоначалникот Мерко е дека ние ќе се спротивставиме на оваа одлука и застануваме на страната на концесионерите. Тоа се 300 фамилии кои живеаат од тој бизнис и ние не можеме да ги оставиме на улица. Бараме таа одлука да се преиспита.“ – рече Дашмир Насуфи портпарол Општина Струга.
Општина Охрид пак и градоначалникот Георгиевски ја поддржаа Владата во планот да ги сруши објектите на плажите што многу ги изреволтира охридските концесионери кои повторно велат не по нивна вина повеќе од две години работеа на диво.
Но, додека засегнатите страни ги анализираат последиците од имплементирање на уредбата граѓанските активисти кои со години бараат рушење на дивите градби меѓу кои и оние на плажите не веруваат дека и во пракса уредбата ќе профунцкионира, туку велат сето ова е само предизборна мамка.
„И во Градиште, општина Охрид и инспекциските служби ги задолжија концесионерите да го срушат ѕидот но видовме како тоа се спроведе.” – напишаа од Охрид СОС на својот фб профил.