Më 17.05.2020 në ora 14:20, në rrugën rajonale Ohër-Shën Naum afër autokampit “Gradishte”, ka ndodhur një aksident trafiku në të cilin një motoçikletë e tipit “Hamachi” me targa të Strugës, e drejtuar nga V.K. (35) nga Struga, ka dalë nga korsia dhe është goditur në parakolpin elastik metalik mbrojtës. Drejtuesi i motoçikletës është dërguar me ambulancë në spitalin special për ortopedi dhe traumatologji “Shën Erazmo”, ku është konstatuar se nga aksidenti ka marrë lëndime të rënda. Zyra për marëdhënie me publikun. Zëdhënëse e SPB Ohër Merlina Islami.
На 17.05.2020 година во 14 часот и 20 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум во близина на авто кампот „Градиште“, случена е сообраќајна незгода во која мопед марка „Хамачи“ со струшки регистарски ознаку, управуван од В.К.(35) од Струга, излетал од коловозната лента и удрил во заштитниот метален еластичен браник. Притоа, возачот на мопедот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.О.(19) од струшкото село Лабуништа. При контрола извршена во селото на 09.05.2020 година околу 22 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот кој немал дозвола издадена од надлежен орган за движење во полициски час со цел спречување на ширењето и заштита на населението од заразната болест COVID -19.