Хуманост кога е најпотребно – Изишоп со донација за медицинските лица од Струга и Дебар

🔸Во исклучително тешкиов период за сите нас и предизвикот со кој сите се соочуваме, тимот на Изишоп не заборави да им помогне на оние кои се на првите борбени линии во борбата против пандемијата со Коронавирусот.

🔸Седиштето на Изишоп е во Струга, па сакавме да направиме гест со кој ќе им заблагодариме на медицинските лица што се грижат за нашите сограѓани и да им дадеме поддршка да истраат во оваа борба.

🔸Но, не ги изоставивме и медицинските лица од Општата болница во Дебар, оние кои беа први на удар.

🙏За таа цел, дониравме професионални анатомски кломпи за сите вработени во Градската болница во Струга, во болницата за дијализа во Струга, во Здравствениот дом во Лабуништа и во Општата болница во Дебар, во соработка со фирмата Анел Ком

🔸Кломпите имаат антистатичен, нелизгачки ѓон, а отпорни се и на стерилизација и дезинфекција. Нашата цел е да им дадеме поддршка на медицинските лица, кои несебично и неуморно се борат за сите нас.

🔸Со овој производ ќе им го олесниме долгото стоење и што е најважно, ќе им помогнеме да ја зголемат својата безбедност и да се заштитат себеси со можноста за стерилизација и дезинфекција.
Сите срдечно не пречекаа и ни искажаа неизмерна благодарност.

🔸А ние, тимот на Изишоп, повторно ќе им кажеме: ВИ БЛАГОДАРИМЕ ХЕРОИ!
Изишоп и во услови на криза непречено работи и врши достава на своите производи. Нашиот тим се грижи навремено и безбедно да ги добиете вашите пратки.

🔸Заедно сме во оваа борба и заедно ќе победиме!

ОстаниДома #КупувајОдДома #ЗаштитиСе