Јован Митрески: Хуманоста и солидарноста се најважни во овие тешки денови

Тимот на СДСМ донираше прехрамбени продукти и средства за хигиена на семејства од ранлива категорија во Струга.

„Хуманоста и солидарноста се човечки особини кои најмногу излегуваат на површина во овие тешки моменти за многу семејства.
Затоа сакам лично да се заблагодарам на сите луѓе, а посебно на Зоран Заев и семејството Заеви, кои својата хуманост ја покажуваат на дело. Благодарност до Црвениот Крст, до сите здруженија на граѓани, месни заедници, верски одбори и сите волонтери кои се вклучија во дистрибуцијата.“ – напиша на својот Facebook профил, Г-динот Јован Митревски од СДСМ Струга, кој лично учествуваше во процесот на остварување на оваа донација.

Тој упати повик до сите луѓе, компании и здруженија кои се во можност да помогнат во овие тешки времиња, да се приклучат и да донираат.